Работна средба во Кочани: Крстевски најави отстранување на нелегално изградените објекти

Денес, во Венчалната сала на Општина Кочани, в. д. Градоначалникот Венко Крстевски одржа работна средба со корисниците на јавните површини во градот.

На состанокот учествуваа претставници од инспекциските и комуналните служби на Општината, како и ТППЕ – Кочани, заедно со инспектори од Струмица.

Токму на оваа средба, сопствениците на угостителските објекти беа информирани дека во најскоро време ќе биде објавена тендерска постапка за избор на фирма која ќе се задолжи со отстранување на нелегално изградени објекти.

Од наша страна ќе им дадеме 30 дена период за кој корисниците на јавните површини треба да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните одобренија, а ако не ги отстранат ќе дојде до насилно рушење што ќе претставува дополнителен трошок за нив посочи Крстевски.

На средбата угостителите кажаа дека повеќе години работат на овој принцип  затоа што некој така им дозволил тоа да го прават, а редовно ги подмируваме сите давачки кон државта, но и Општината.

Целта на отстранувањето на нелегалните работи е да им се олесни пристапот на протипожарната служба, како и на амбулантата и полицијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното