Апелацискиот суд Скопје донел одлука за укинување на мерките куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкоски и на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.
Според информациите, за Рашковски била прифатена гаранција од 192.980 евра во недвижен имот.
Инаку, Вељаноски беше во куќен притвор откако првостепено беше осуден на шест години и шест месеци затвор за „Организатори на 27 април“