Рашковски останува во домашен притвор, Врховен му ги одби жалбите

Поранешниот генерален секретар на Владата, а сега осомничен Драги Рашковски останува во куќен притвор, откако денеска Врховниот суд му ги одби жалбите како неосновани.

„Врховниот суд по денешната одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди,“ се наведува во соопштението од судот.