Приватен автобус на бројот 22 стои расипан сред булеварот Партизански одреди во населбата Влае. Автобусот стои со отворен мотор точно пред крстосницата кај надвозникот „Влајко“ и го попречува нормалното одвивање на сообраќајот.
Градоначалничката Данела Арсовска кога се вратија приватните превозници во јавниот превоз рече дека автобусите ќе бидат модерни и дека ќе ги задоволуваат еколошките стандарди.
Приватните превозници не беа дел од јавниот превоз пола година откако се скараа со Арсовска бидејќи не им се плаќаше и ЈСП „Скопје“ имаше долг кон нив од 1,5 милиони евра. Повторно почнаа да возат во мај.