Распишани централни потерници по четворицата кои се во бегство по упадот во М-НАВ

Четири лица се идентификувани и познати на полицијата по упадот на М-НАВ и за истите распишани се централни потерници, дознава 4NEWS.mk Тоа значи дека сите полициски станици низ Македонија се информирани дека лицата се бараат поради извршено кривично дело и доколку бидат достапни треба да бидат уапсени.

За еден дека најверојатно е во бегство веќе објави 4NEWS.mk. Според наши нефицијални информации, лицето ја напуштило Македонија и во моментов се наоѓа во соседна Србија.

Во истовреме, Обвинител ќе се жали до судот оти синоќа не одреди притвор за друтите четири лица кои се достапни на органите на прогонот. Судот синоќа одреди само мерки на претпазливост, што не значи дека не може да се дадат во бегство и тие.

Од МВР предметот е завршен и целосно предметот сега се наоѓа во рацете на Обвинителството.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното