Најмалку десет лица се убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје. Полицијата трага по осомничениот Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње.
Убиецот почнал да пука во кафулето по претходна вербална пресметка. Таму убил четворица мажи, меѓу кои и сопственикот на ресторанот. Убил на други две локации. Според неофицијални информации тој убил и две деца.
Меѓу убиените има и членови на неговото семејство.
Црна Гора ќе прогласи тридневна жалост.
Министерот за внатрешни работи Данило Сарановиќ изјави дека според досегашните информации во Цетиње загинале најмалку 10 лица.
Порталот на Радиотелевизија на Црна Гора објави дека напаѓачот претходно бил во конфликт со Д.К., кого го сретнал во кафуле. По средбата отишол дома да земе пиштол, се вратил и убил неколку лица. После тоа отишол во градот Хумчи, каде ги убил децата и сопругата на кафеаната. Уште едно лице е убиено на трета локација.