Речиси 100 загинати во уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република

Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако се урна покрив на ноќен клуб во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, соопштија официјални лица.

Несреќата се случила во раните утрински часови во вторникот на концертот на популарниот меренге пејач Рубио Перез во ноќниот клуб Џет сет.

Меѓу загинатите е и гувернерот на провинцијата и поранешен бејзбол играч во Америка, Октавио Дотел (51).

Тој починал на пат кон болница откако бил извлечен од урнатините.

На концертот имало стотици луѓе, а голем број спасувачи се уште трагаат по преживеани.

Се стравува дека бројот на загинати ќе расте.

Спасувачките служби се надеваат дека многумина кои беа затрупани под урнатиот покрив се уште се живи.

Џез сет е популарен ноќен клуб во Санто Доминго кој редовно одржува концерти.

На овој концерт присуствуваа политичари, спортисти и други истакнати личности.

Меѓу жртвите е Нелси Круз, гувернер на провинцијата Монте Кристи, изјави претседателот Луис Абинадер.

На социјалните мрежи кружат снимки од пред несреќата, на кои се гледа како луѓето седат на маси пред бината, а некои танцуваат додека пее Руби Перез.

На снимката од мобилниот телефон, може да се слушне човек кој стои до бината како вели „нешто падна од таванот“, а потоа покажува нагоре.

На видеото се гледа и пејачот Руби Перез како гледа во покривот.

Помалку од 30 секунди подоцна, се слуша бучава и снимката станува црна додека се слуша како жена вика: „Тато, што ти се случи?“.

Еден од членовите на бендот на Рубио Перез изјави за локалните медиуми дека клубот бил полн кога покривот се урнал околу 1 часот по полноќ.

„Мислев дека е земјотрес“, рече музичарот.

Ќерката на Руби Перез рече дека нејзиниот татко исто така бил меѓу затрупаните.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното