Речиси 2700 се жртвите по разорниот земјотрес во Мароко

Европската унија му дава 1 милион евра на Мароко за да се справи со последиците од разорниот земјотрес. Жртвите се веќе близу 2.700 луѓе.

Потрагата по луѓе под урнатините на многу места со голи раце продолжува. Поради пробиените патишта, тешката механизација тешко доаѓа до најпогодените планински села. Илјадници останаа без домови, храна и вода.

И покрај големината на катастрофата, владата дозволи во земјата спасувачки тимови од само 4 земји – Велика Британија, Шпанија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното