На џудиската Арбреша Реџепи и беше потребна само една минута за да го заврши настапот на Летните Олимписки игри во Токио.
Таа загуби во првото коло од Челси Гил од Британија, во категоријата до 52 килограми.
Реџепи е единствената спортистка од Македонија која настапуваше во вчерашниот втор ден на Игрите. И покрај амбициите за нешто повеќе, сепак, Реџепи не успеа да го мине првото коло.
Реџепи беше поразена со ипон (технички нокаут), додека пак Британката продолжи понатаму, па влезе во игра и за медал.
Завчера настапија двајца македонски спортисти во Токио. Бојан Бранковски заврши како 21-ви во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри со национален рекорд, додека младиот пливач Филип Деркоски заврши последен на 400 метри слободно во квалификациите.
Остануваат уште пет спортисти од Македонија во следните денови да настапат на Олимписките игри.