Крцкави бисквити за секоја пригода.
Состојки:
- 125 гр путер
- 80 гр шеќер во прав
- 1 јајце
- 1 лажичка ванилин шеќер
- сок од еден лимон
- 40 гр сецкана сува брусница
- 40 гр сечкано бело чоколадо
- 100 гр крупно мелени бадеми
- 250 гр брашно
Подготовка:
Во сад со миксер за пена изматете ги путерот и шеќерот. Додадете јајце, ванилин шеќер, сок од лимон, брусница и сечкано бело чоколадо.
На крај додадете ги бадемите и брашното и замесете тесто.
Поделете го на три дела и секој дел обликувајте го во ролат, завиткајте го со фолија и ставете го во фрижидер два часа.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Тестото исечете го на кругови и ставете го во плех обложен со хартија за печење.
Печете ги околу 12 минути додека не поруменат.
Извадете ги и изладете ги, па ставете ги во кутија за бисквити.
Добар апетит!