Тиквичките се многу здрави, а предност е што ги има во сите сезони.
Ние денес ви носиме рецепт за совршено свежа салата со тиквички:
Потребно ви е:
- 2 тиквички исечени на тенки ленти
- 4 лажици маслиново масло
- 1 лажиче изрендана кора од лимон
- 2-3 лажици лимонов сок
- 2 чешниња лук,
- неколку зелени и црни маслинки (сецкани)
- 2 лажици рендан пармезан
- малку ореви (сецкани)
- сол по вкус
Подготовка:
Измешајте ги маслиновото масло, сокот од лимон, лимоновата кора, лукот и оревите – додајте малку сол (по вкус), а потоа додадете ги и тиквичките и оставете да се маринираат околу 10-15 минути во смесата.
Сервирајте со пармезанот и маслинки.