На денешната прес-конференција која ја одржа адвокатот на осомничениот Васил Јованов за несреќата на „Партизанска“ во која загина Фросина Кулакова, присуствуваа и родителите негови.
Таткото на Васил упати сочувсто до семејството на загинатата девојка.
-Сочувство до родителите пред се на Фросина, до потесната фамилија. Неверувам дека некој некогаш може да биде подготвен на нешто вакво. Во молитвите ми се постојано нејзините родители и барам од бога да им се даде некаква утеха. Не знаев дека има жртви, кога дознав дека погинало девојчето, барав да го видам, но истото беше во амбулантно возило, рече таткото на Васил во солзи.
Мајката на Васил, вели „само мајка може да разбере како и е на другата мајка во вакви ситуации“.
-Сакам да го искажам моето најдлабоко, најискрено мајчинско сочувство особено до мајката на Фросина затоа што само мајка може да разбере како и е на другата мајка во вакви ситуации. И секако на потесното, пошироко семејство, блиски пријатели, луѓе на Фросина. Загубата е ненадоместлива и е непрежалива. Како што кажа и сопругот таа вечер се затворија два дома, рече мајката на Васил во солзи.