Родителството некогаш и сега: Кој воспитен стил е најдобар?

Колку се промени родителството низ децениите? Дали денеска се претерува со вниманието околу децата? Факт е дека денеска за каква било ситница, која се разликува од вообичаеното однесување во воспитувањето на децата од осумдесеттите, набргу би можела да реагира социјалната служба.

Поголемиот дел од промените секако донесоа поголема безбедност на децата. Еве што порано беше вообичаено при одгледување на децата:

Децата остануваа сами дома

Малите деца, дури и пред да наполнат шест години, понекогаш остануваа сами дома. Клучевите околу вратот беа потполно нормална работа веќе од прво одделение, со вообичаениот совет – „не отворај никому“.

Часови поминати без родителите

Денеска постојат игротеки и посебно заштитени лулашки за деца. Поради тоа, обичните игри во парк, речиси и да станаа научна фантастика. Родителите од седумдесеттите и осумдесеттите години ги пуштаа своите деца со часови безгрижно да си играат надвор. Денеска тоа не е случај, бидејќи парковите се полни со деца, но и со родители.

Не се носеа шишиња за вода

Кога децата ќе сакаа да се напијат вода, ќе отидеа до првото кафуле за да побараат од тамошните келнери. Сите знаеја и каде во која куќа има пумпа со вода, па веднаш ќе се упатеа натаму.

Мрак, па дома

Родителите не ги проверуваа постојано децата, бидејќи тогаш немаше мобилни телефони. Децата не носеа ниту часовници, па времето за одење дома беше ограничено на „се додека не падне мрак“. Ако детето се уште го нема дома, мајката едноставно ќе викне од прозорецот и проблемот е решен.

Се јадеше се и сешто

Се сеќавате ли на прашоците за сокови? Децата надвор ги тресеа на валканите раце и буквално ги лижеа. Не е потполно јасно зошто го правеа тоа речиси сите, веројатно бидејќи беа најевтини, а најслатки. Леб со мајонез за ужина, претставуваше врв на гастрономско уживање.

Родителите пушеа покрај децата

На секој чекор се чувствуваше димот од цигарите. Родителите пушеа во автомобилите, во дневната соба, а беше нормално и да се хранат децата со цигара во уста.

Немаше кациги

Родителите не се грижеа премногу за тоа дали нивното дете ќе падне од велосипед или не. Гребаниците беа потполно вообичаени, а враќањето дома без нив беше невозможна мисија. Денеска малите деца, се принудени да носат заштитна кацига при возење на велосипед.

Немаше специјални седишта за помали деца во автомобилите

Сите кои пораснаа пред деведесеттите години, се уште се сеќаваат на возење на последното седиште од автомобилите. Родителите „креираа“ вистински лежалки за децата, а тие спиеја како сардини.

Специјалните седишта за деца денеска се задолжителна опрема во секој автомобил и дефинитивно задолжителни за безбедноста на децата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното