Русија ги отстранува сите мерки против ширење на Ковид

Русија денеска објави дека ги укинува сите мерки против ширењето на Ковид, вклучително и барањата за носење маски, известувајќи за значителен пад на смртните случаи предизвикани од инфекцијата, објави Ројтерс.

Сепак, тој не ја исклучи можноста за повторно воведување на мерките доколку состојбата повторно се влоши.

Се вчитува...

Откажани се и претходните антиепидемиски мерки, вклучително и носење маски, забрана за јавни оброци во текот на ноќта, како и голем број други, соопшти федералната служба за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“. Според службата, 93 отсто од потврдените случаи биле благи или асимптоматски.

Сепак, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска на прес-конференција рече дека и покрај одлуката на државниот регулатор, во Кремљ остануваат на сила сите мерки против Ковид, вклучително и носењето маски, пренесе ТАСС. Носењето маски за посетителите на зградите на Кремљ сè уште не е откажано, рече Песков. „На крајот на краиштата, зборуваме за резиденцијата на шефот на државата, така што дополнителните мерки се целосно разбирливи и објаснети“, додаде тој.

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во Русија во последните 24 часа е 3.155, а бројот на починати како последица на инфекцијата, односно 53, соопшти денеска Федералниот оперативен штаб за борба против инфекции.

Во Русија, од почетокот на пандемијата, се регистрирани повеќе од 18 милиони случаи на инфекција, а смртните случаи поради Ковид се повеќе од 800.000, според податоците на Ројтерс.

И покрај брзо развиената руска вакцина „Спутник V“, голем дел од луѓето во земјата не им веруваат на владетелите и се плашат од новите медицински производи, забележува Ројтерс.