Русија стана најголем производител на пиво во Европа и петти најголем во светот, надминувајќи ја Германија по повеќе од една деценија, според најновиот извештај за 2024 година на компанијата за трговија со хмељ „Барт-Хас“.
Според авторот на извештајот, Хајнрих Мајер, клучната причина за промената на врвот на европскиот ранг е тоа што производството на пиво во Русија се зголеми за околу девет проценти на годишно ниво, на 9,1 милијарди литри.
Меѓутоа, во Германија производството во истиот период се намали за еден процент, на 8,4 милијарди литри.
Русија ја престигна Германија и стана најголем европски производител на пиво