Русија денеска објави дека се во тек подготовки за разговори на експертско ниво меѓу Москва и Вашингтон, како продолжение на минатонеделната средба меѓу министрите за надворешни работи на двете земји и по телефонскиот разговор меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска повтори дека постои взаемно разбирање оти Путин и Трамп ќе се сретнат лице в лице, но откако ќе се направат сите подготовки, но додаде дека засега не е решено ниту местото, ниту времето на средбата.
Според Песков, двајцата лидери може да остварат уште еден телефонски разговор доколку е потребно, иако во моментов нема планови за тоа.
Преку министерствата за надворешни работи се подготвуваат контакти на експертско ниво“, појасни портпаролот на Кремљ.
Освен тоа, Песков посочи дека Москва чека „официјални најави“ за евентуален договор меѓу Киев и Вашингтон за експлоатација на рудното богатство на Украина.
Според висок украински функционер кој вчера разговараше за АФП, Киев е подготвен да го потпише овој договор, бидејќи Американците „ги отстранија сите услови што не ни одговараа, главно 500 милијарди долари“. долари“, сума што Вашингтон проценува дека ќе ја донесат минералите на Украина.