Рускиот автомобил на иднината – масовно производство би започнало во 2025 година

Ран прототип на претстојниот електричен автомобил Amber. Сите главни компоненти на електричното возило – мотор, инвертер, контролна табла, батерии – се развиени и произведени во Русија, истакнува институтот.

Овој автомобил треба да биде иднината на руската автомобилска индустрија. Го претстави Московскиот политехнички институт (порано познат како МАМИ) и е универзална тест платформа за повеќенаменско тестирање на системи за електрични возила од категоријата L7, објави универзитетот.

Ова е ран прототип на претстојниот електричен автомобил Amber.

Овој електричен автомобил се развива во име на Автотор според посебен договор со Министерството за индустрија и трговија. Претходно, фабриката „Автотор“ во Калининград склопуваше автомобили на брендови како BMW, KIA и Hyundai, а сега планира да започне со производство на домашни електрични возила.

Сите главни компоненти на електричното возило – мотор, инвертер, контролна табла, батерии – се развиени и произведени во Русија, истакнува институтот. Тие исто така нагласија дека електричниот автомобил ќе биде „компактен и достапен“ бидејќи батеријата може да се изнајмува, а не да се купи, а за изработка на каросеријата нема да биде потребна скапа технологија, пренесува Index.hr.

Експертите на „Автотор“ планираат да ги достават првите пет претпродукциски автомобили на сертификација следната година, а да започнат со масовно производство веќе во 2025 година. Од Автотор изјавија дека самиот автомобил ќе изгледа различно од прикажаниот модел и ќе се произведува под марката Amber (ќе се формираат две марки – Amber Auto и Autotor Amber).

Институтот најави уште два проекта – автономно товарно комбе и електричен АТВ. Комбето е варијација на патничкиот електричен минибус без возач и ќе може да превезува товар до 500 килограми со различна големина во затворен простор. Електричниот ATV е дизајниран за употреба во град, може да забрза до 80 km/h и има домет од 100 km.