Македонија

Русковска: Полицискиот службеник за прифат направи лапсус, ги измеша законите при приведувањето на Камчев

Грешка е тоа што при приведувањето на бизнисменот Орце Камчев полицискиот службеник ги измешал законите, а тоа нема да има влијание на предметот, изјави Вилма Русковска, обвинителка за гонење организиран криминал за канал 77.

– Се гледа дека е лапсус, грешка, тоа се однесува на членовите за приведување и задржување на лица. Тоа не може да биде проблем. Но за тоа ќе оцени судот –  изјави Рускоска за Канал 77.

Таа додаде дека при постапувањето се измешани Кривичниот законик (КЗ) и Законот за кривична постапка (ЗКП).

– Агенцијата за национална безбедност (АНБ) колку што ми е мене познато, доставила известување до полиција и полицијата постапувала согласно известувањето од агенцијата затоа што припадниците на АНБ немаат полициски овластувања. Толку ми е мене познато, а полицискиот службеник за прифат, така се вика според законот, ги измешал законите, наместо ЗКП напишал КЗ – рече Русковска.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни