БРАН АРКТИЧКИ воздух се очекува да зафати поголем дел од Соединетите држави со температури под нулата, а ќе трае од утре до следната недела, а ќе погоди милиони Американци во речиси секоја држава.
Најстуденото време оваа сезона, кое ќе се движи од запад кон исток, е резултат на феноменот познат како поларен вител.
Ниските температури со себе носат „опасни по живот“ ризици од хипотермија и смрзнатини, предупредува Националната метеоролошка служба.
Инаугурацијата на Трамп во затворен простор
Поради големиот студ, во понеделник во затворен простор во Капитол ќе се одржи инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Температурите во понеделник во Вашингтон би требало да се движат околу минус пет Целзиусови степени, но поради ветерот впечатокот на студ може да биде поголем.
Од Вирџинија до Нова Англија на исток се очекува обилен снег со ниски температури, додека Вашингтон, Балтимор, Филаделфија, Њујорк и Бостон може да забележат малку снег.
Од понеделник може да има снег и мраз во јужните држави.