Последиците ќе бидат катастрофални доколку рускиот претседател Владимир Путин ја исполни својата закана дека ќе користи нуклеарно оружје во војната во Украина, предупреди советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во интервју за Ен-Би-Си.
Соединетите Американски Држави имаат намера да ја натераат Русија да разбере
„Какви ќе бидат последиците ако тргне по погрешен пат на користење нуклеарно оружје, а тие ќе бидат катастрофални“, рече Саливан.
„ Имаме можност да разговараме директно на високо ниво (со Русите), да им објасниме која е нашата порака и да ја слушнеме нивната“, рече тој.
„Ова се случува многу во последните неколку месеци, дури и во последните неколку дена. – вели Џејк Саливан, кој не ја објасни точната природа на каналите за комуникација што се користат од безбедносни причини.