Само леб, вода и шеќер е секојдневниот оброк за двете деца на семејството Османи

Леб, вода и шеќер е секојдневниот оброк за две деца од семејството Османи. Таткото Реџеп работи, но не успева секој ден да обезбеди пари и храна. Немаат ниту сопствен дом, па затоа бараат од хуманите луѓе да им помогнат за да имаат нормален живот. Најважно од се им е децата да имаат храна.


„Подобро тие да имаат леб отколку јас. Јас не ги оставам децата без леб, собирам по контејнери само децата да имаат што да јадат“

И денеска се врати со празни раце дома. Иако болен од астма се труди секој ден на децата да им обезбеди оброк. Децата чекаат храна, а Реџеп вели дека најтешко му паѓа кога се враќа дома, а нема што да им стави на трпеза.

Мајката Фердес лебот го чува надвор бидејќи како што вели, ако го остави внатре може да го нападнат инсектите..
Децата се во исчекување да јадат нешто друго освен леб, вода и шеќер.

„Нашиот живот никогаш не бил како на другите. Ние сме навистина во тешка состојба. Моите деца бараат сешто,  а јас треба да им ги исполнам желбите, но како? Најпрво треба да ги школувам, а со што да ги школувам кога  немам ништо..
Повозрасниот бара да учи, бара, но како да му ја исполнам желбата и да го испратам на училиште?“

Мухамет и Јагмур не сакаат веќе да јадат леб и шеќер. Семејството Османи не добива социјална помош, а месецот го крпи со продавање на шишиња и железо што ќе го соберат. Живеат во социјална барака која е во лоша состојба, па затоа стравуваат од  зимските денови кои се наближуваат и студот кој продира од сите страни. Четиричленото семејство бара хуманите луѓе да им излезат во пресрет за да можат да обезбедат покрив над глава, а најважно од се е храна за двете деца.

Телефонски број на семејството – 078 725 433

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното