СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано.

Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор.

Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола. 

Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д обвинителка избраа на поранешен заменик министер на ВМРО.

Власта има целосна контрола врз обвинителството и судството. Одлуката за куќен притвор ја носи обвинител под Скопското обвинителство каде што за шеф пред само еден месец е избран Анел Фидоски. 

Јасно е што се случува.

Дилот ВМРО–ДУИ се реализира пред очите на јавноста и му донесе куќен притвор на Груби.

Прашањето што останува е само што ќе добие сега ДУИ за возврат“, се вели во соопштението на СДСМ.