СДСМ УТРЕ ГЛАСА: Кој треба да застане на чело на партијата?

Опозициската СДСМ утре на внатрепартиски избори ќе избира нов претседател на партијата.

Гласањето ќе се одржи на 77 избирачки места, додека право на глас имаат околу 23 илјади пријавени членови на партијата.

Во трка за лидерската фотелја се екс министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, екс министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, како и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски.

Заедничко за нив е што сите најавуваат реформи во партијата, како и обединување на целото членство.

Петровска во текот на вчерашниот ден ги повика останатите кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата затоа што изборниот процес бил нефер.

Според неа, еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.

Петровска рече дека ќе се најде на избирачкото ливче в недела, бидејќи избирачките материјали се веќе отпечатени, но нагласи дека таа лично нема да излезе да гласа.

Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ на ова истакна дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, затоа внатрепаритското гласање в недела ќе се одржи.

Избирачкиот список којшто ќе се најде на 77 избирачки места ширум земјава ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ.

Гласањето ќе започне во 8 часот, а ќе заврши во 20 часот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното