СДСМ со реакција и на зборовите на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев дека граѓаните масовно се иселувале од земјата. Тие потенцираат дека иселувањето на 600.000 граѓани се случи во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
„За какви егзодуси и евакуации на граѓани зборува антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму поради нивните криминални, антидржавни расипнички политики протераа над 600.000 граѓани за време на нивното криминален режим.
Влатко Ѓорчев 20ина години е дел од ВМРО-ДПМНЕ и исто толку години ги поддржува погубните политики на неговата партија. Доколку сакаше, Ѓорчев во овие 20 години ќе придонесеше за намалување на иселувањето на граѓаните.
Но наместо тоа, тој одлучи да ги премолчи сите погубни политики на неговата партија. Затоа, денешниот настап на Ѓорчев е лажен, лицемерен и неискрен кон граѓаните.
600.000 граѓани протерани од својата држава, цели семејства избришани од Македонија е црната слика која ја остави ВМРО ДПМНЕ зад своето 11 годишно владеење. Наспроти таа црна слика, денес владата предводена од СДСМ посветено работи во сите сегменти на општеството, со цел подобар живот за сите граѓани .
Растот на БДП, намалувањето на невработеноста, растот на минималната плата, растот на пензиите, зголемената социјална помош и опфатот на поголем број на лица од ранливите категории се потврда за грижата кон своите граѓани и потврда дека Македонија се движи напред“, велат од СДСМ.
