На социјалните мрежи се огласи и сопственикот на Рома кафе од Кавадарци, односно објектот каде настапи Аца Лукас.
Како што вели, тие работеле по закон и највисоки стандарди.
„Во врска со изјавата на градоначалникот д.р. Митко Јанчев како и на некои објави на портали за утврдени пропусти од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци.
Го доставувам овој демант и остро ги демантирам сите изјави и пишувања.
Од моја страна како сопственик на Рома кафе сметам дека не е сторено ниту едно пркршочно дело наведено од градоначалникот и медиумите.
Објектот за настанот беше издаден под наем и целата правна обврска и одговорност при инспекцискиот надзор е на тој правен субјект поткрепено со писмен договор.
Аца Лукас имал валиден влез и запазен престој (со што е потврдено од судијата во основниот суд во Кавадарци).
Настапот беше наменет за промоција на негова сопствена крипто валута. Тротоарот за кој имавме барање до општината за користење беше одбиено и истиот не се користеше во врска со настанот. Инспекторите од УЈП и ДПИ при извршената контрола ке поднесат соодветни поднесоци за дел од констатирани неправилности спрема правниот субјект
Рома кафе во насока со законските прописи и насоките од градоначалникот поднесе до Општина Кавадарци, Противпожарна единица, ЈЗУ Општа болница и до Полициска станица – Кавадарци. Во барањата е образложен целиот настан и нивна присутност поради поголем број на посетители (за кое имам писмен доказ). После пријавувањето за настанот добивме напатствија од надлежните институции како да настапиме на денот на настанот и истите беа исполнети од наша страна.
Не се точни изјавите дека имало загрозување на безбедноста од причини што после приведувањето во 00:10ч на Аца Лукас, Рома кафе продолжи со работа до 01:00ч, што значи дека Рома кафе ги исполнувала сите потребни безбеднони услови и излези од објектот, и нема изречено казна. Исто така не е точно дека во објектот имало 700 гости, тоа се паушални изјави од луѓе кои не биле присутни. Во објектот имаше 400 гости што беше уредно пријавено и беа обезбедени сите услови за работа. Доколку немало услови за работа, надлежните институции пред започнување на настанот можеле да не известат дека не се исполнети условите во целост, затоа што 7 дена претходно сите беа уредно известени.
Како сопственик на Рома кафе најмалку сакам да се случи некаков немил настан затоа секогаш работиме по највисоки стандарди.
Рома кафе продолжува со работа и понатаму во согласност со позитивните законски прописи, норми и дозволи кхаки и до сега а за тоа е и доказ 21 годишно постоење“, велат од таму.