Се огласи и Сиљановска Давкова: Папата ќе го паметам по неговиот извонреден ум, мудрост, топлина и едноставност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утрово се огласи по повод смртта на папата Франциск кој почина вчера наутро.

„Како Народен Папа, тој им ја честиташе Воскресението Христово на христијанската фамилија и утрово мирно замина во вечноста.

Јас, пак, по четириесет минути незаборавен разговор, ќе го паметам по неговиот извонреден ум, мудрост, топлина и едноставност“, вели Сиљановска Давкова.

Претседателката минатата година беше на аудиенција кај Папата во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ што се одржува во Рим по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.

Како што соопшти тогаш нејзиниот кабинет, претседателката на средбата изразила уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага „за продлабочување на севкупните односи со Светата Столица, заради јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции“.

На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска-Давкова на папата му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното