По масовното пукање во Црна Гора, денеска се огласија и од македонското Министерство за надворешни работи.
Тие велат дека се шокирани и тажни.
„Длабоко шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Ние стоиме во солидарност со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, велат од МНР.