Се паузира идејата за нов Клинички центар – Клековски: „8 Септември“ ќе биде регионален центар!

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство, најави пауза во плановите за нов Клинички центар, додека се анализираат потребите на населението. Тој нагласи дека демографските промени и бројот на пациенти ќе влијаат на понатамошните одлуки.

Според него, болницата „8 Септември“ има најдобри капацитети за понатамошна модернизација, бидејќи располага со доволно простор и инфраструктура.

„Има околу 150м2 по болнички кревети, наспроти Старата градска каде што нема услови за обавување на дејноста. Заради тој капацитет и инфраструктурата околу болницата, очекувано е дека таму ќе се инвестира за да се види колку може да се растовари Клиничкиот центар, во однос на секундарно здравство“. Иако, морам да кажам дека во „8 Септември“ се изведуваат и методи кои не се изведуваат на Клиника. Тука гледаме најголем потенцијал со најмало вложување да добиеме најдобар одговор. Мислам дека ќе има и нови проекти во „8 Септември“ за да биде доста повеќе од тоа што е сега, рече Клековски, одговарајќи на новинарски прашања“, рече Клековски.

Таму се изведуваат методи што не се достапни на Клиника, па се очекува понатамошна инвестиција во оваа болница за да се намали притисокот врз Клиничкиот центар.

Буџетот на Фондот за здравство за оваа година е зголемен на 53,4 милијарди денари, со што ќе се подобри здравствената заштита. Посебно се зголемени средствата за дијагностички лаборатории, со цел да се намали времето на чекање за услугите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното