Болниците бележат зголемување на бројот на пациенти кои бараат помош за сексуално преносливи болести, а лекарите предупредуваат дека до крајот на празничната сезона тој број ќе биде уште поголем.
Според последните податоци кои ги објави Батут, бројот на заболени од сифилис во Србија е 238, но тој број постојано расте.
„Во последните педесет години се зголемува бројот на заболени од сифилис на нашите простори, но и во целиот свет, она што е карактеристично за него е што болеста поминува низ три фази, во зависност од тоа кога пациентот контактира со докторот“, изјави д-р Милан Бјекиќ за ТВ Прва.
Лекарите наведуваат дека овие проблеми се чести во текот на целата година, но сепак во лето – преовладуваат.
„Летото е време на одмори, луѓето се поопуштени и често забораваат на заштитата, па периодот по одморите е време кога во лекарските ординации се појавуваат голем број пациенти со проблеми од овој тип“, вели д-р Милан Бјекиќ.