Се префрливме на зимско сметање на времето

Вечерва се префрливме на астрономско време, наречено и зимско сметање на времето. Тоа се случува секоја година во последната недела од октомври.

Прилагодувањето на времето е еден час назад (3 часот по полноќ стана 2 часот по полноќ). Тоа значи дека денот денеска ќе биде еден час подолг.

Сите модерни компјутери, телефони, паметни телефони и електронски часовници автоматски го поправаат времето. За часовници со стрелки и за кои е потребна рачна интервенција.

Идејата за промена на времето најпрво му текна на американскиот политичар Бенџамин Френклин. Тој им предлага на парижаните да станат и да си легнат порано.

Во пракса, идејата беше спроведена од германската влада за време на Првата светска војна во периодот 30 април – 1 октомври 1916 година.

Велика Британија беше втората земја што воведе летно сметање на времето првично од 21 мај до 1 октомври 1916 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното