Се расправал со татко му, па синот му пресуди на улица! – 43-годишно лице од Велес загина откако возило удрило во него!

На 19.07.2023 во 16.00 часот во с. Виничани, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од село Виничани.

Тој во селото, со патничко возило „фиат панда” со велешки регистарски ознаки, удрил во А.Ц.(43) од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот.

А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен.

По целосно документирање на случајот против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.