ВИДЕО Се скараа приватните превозници и директорот на ЈСП: Заглавени сме по пумпи, кредити, во се сме заглавени…

Напнатите односи меѓу Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) и приватните автобуски превозници повторно се заоструваат. Причина за новиот конфликт е неисплатен долг од страна на ЈСП, поради што приватниците најавија можност за редуцирање на линиите доколку не добијат средства.

Од здружението на приватни превозници велат дека веќе подолго време чекаат на исплата за извршени услуги и дека финансиски се исцрпени.

„Јас за март земав плата сега, како и, заглавени сме по пумпи, кредити, по се сме заглавени. Како да возам, 3 милиони ми должиш од март, долгот кон нас е 90 милиони, вкупниот долг е 170 милиони. Не сме виновни за оваа ситуација“, велат од групата на приватни превозници.

Директорот на ЈСП, Драги Кушковски, пак, вели дека долгот не е толку голем и ги обвини за манипулација.

„Ја знаеме ситуацијата веќе неколку години, но тоа не ни е оправдување. Откако сум јас долгот е намален, не е тој што беше кажан сега, нека ги покажат финансиските картици, ќе видите дека не е тој“, изјави Кушковски.