Се трага по четворицата исчезнати на грчкиот остров Крит

Повеќе од 24 часа се трага по четири лица на грчкиот остров Крит кои исчезнаа во саботата откако возилото им било повлечено од надојдената река.

Рано утрово во потрагата, освен 40 пожарникари, биле вклучени и нуркачи за пронаоѓање на автомобилот и на четворицата исчезнати.

Според локалните медиуми од островот, во автомобилот се наоѓала млада брачна двојка, сестрата на сопругата и нивната мајка, кои во саботата по полноќ се враќале од свадба. Поради лошите временски услови и обилниот дожд реката покрај патот била надојдена и веројатно го повлекла возилото.

Извор: ТВ21