Се урнаа две згради во Мароко, 19 лица загинаа!

Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се повредени кога се урнаа две згради во североисточниот марокански град Фес, поранешниот главен град, објави државната новинска агенција.

+Локалните власти во префектурата Фес соопштија дека две соседни четирикатни згради се урнале преку ноќ.

Зградите биле дом на осум семејства и се наоѓале во населбата Ал-Мустакбал, објави агенцијата.

Штом биле информирани за инцидентот, локалните власти, безбедносните служби и единиците за цивилна заштита се упатиле кон местото на настанот и веднаш започнале со операции за пребарување и спасување, се вели во соопштението.

Повредените биле однесени во универзитетскиот болнички центар во Фес.