Седум загинати и триесетина повредени во пожар на станбена зграда во Париз

Во пожар во кој избувна во станбена зграда во југозападниот дел на Париз, загинаа седум лица а беа повредени 27, од кои неколкумина во животна опасност.

Инцидентот се случил ноќеска по полноќ на 8 катната зграда во модерната аристократска 16-та област во главниот град на Франција. Околу 200 пожарникари учествуваа во гасење.

Некои од луѓето се качија на покривот да го избегнат пожарот. Во таа област се наоѓа стадионот на ПСЖ, Трокадерото, Паркот де Прес и живописната Болонска шума.

Неколку околни згради исто така биле евакуирани од страв да не ги зафати пожарот.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното