Сестрата на Емина Јаховиќ е вистинска убавица, но не се експонира во јавноста – еве како изгледа!

Емина Јаховиќ има постара сестра Сабина, која не ја експонира во јавноста, а фановите се изненадени од тоа колку всушност тие си личат.

Приватниот живот на Емина Јаховиќ неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста, најмногу поради судењето на нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, како што наведоа тогаш, поради неплатена алиментација.

Иако Мустафа поднесе противтужба и докажа дека платил се како што треба, пејачката неодамна го врати љубовниот живот во центарот на вниманието.

Иако се шпекулира дека има ново момче, сепак Емина поголемиот дел од времето го поминува со постарата сестра Сабина.

Освен што не ги покажува во јавноста, Емина не сака да зборува за најблиските членови на семејството. Таа е неизмерно врзана за нив, а најголемата поддршка ѝ е постарата сестра Сабина.

Инаку, Емина порасна во медицинско семејство. Нејзината мајка е педијатар, нејзината сестра е детски психијатар, а таткото на пејачката Нусрет бил кардиохирург. За жал, тој починал во 1995 година додека Емина била сè уште млада.

Пејачката има и брат Мирсад, кој е познат кошаркар.