ШАНСА ЗА РАБОТА: Saudia Airlines регрутира кабински персонал во Македонија

Saudia Airlines како една од водечките авиокомпании во Блискиот Исток доаѓа да регрутира кабински персонал во Скопје.

На огласот може да се пријават кандидати на возраст од 20 до 35 години, со минимум средно образование и солидно познавање на англиски јазик, а работното искуство не е потребно.

Кандидатите кои ќе го поминат скринингот и финалното интервју кое ќе се одржи во Скопје, ќе добијат компетитивна плата, сместување, здравствено осигурување и можност да патуваат по намалени цени во согасност со политиката на компанијата.

Доколку сте заинтересирани за едно поинакво работно искуство кое ќе ви донесе одлична заработка и можност да посетите голем број атрактивни локации ширум светот, погледнете го целиот оглас и испратете ја вашата кратка биографија не подоцна од 5-ти ноември.

Карти од 599 денари – WizzAir го објави летниот распоред од Скопје за 2019

Авиокомпанијата Wizz Air го објави летниот распоред за 2019 година за летови од аеродромот во Скопје и истиот може да се погледне на официјалната страна на компанијата.

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.

Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Wizz Air за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје, изјави Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.

Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.