Европската унија е подготвена да го поддржи Мароко по смртоносниот земјотрес, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по првата вест за катастрофалниот земјотрес што ја погоди таа земја во северозападна Африка.
„Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија и со спасувачите вклучени во операцијата за пребарување“, напиша Мишел на социјалната мрежа Х, порано Твитер.
Тој веста за земјотресот ја нарече „застрашувачка“ и ја истакна подготвеноста на Унијата да го поддржи Мароко „во овие тешки времиња“.
Мишел на трагедијата во Мароко реагираше од Њу Делхи, каде што учествува на самитот на Г20.