Шекеринска: 75 милиони денари за реконструкција на објекти на АРМ

75 милиони денари ќе бидат наменети за условите за работа во сите објекти, со приоритет на оние каде што се работи постојано и каде се ангажирани припадниците на АРМ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното презентирање на буџетот за 2019 во склоп со Министерството за одбрана.

„Дел од овие средства ќе се употребат за подготовка на еден објект во касарната во Куманово, во кој во 2020 година ќе биде сместена командата на пригадата за Југоисточна Европа. Тоа ќе биде значајна придобивка и значајно искуство за нашата армија“, појасни Шекеринска.

Се вчитува...

Објектот што ќе биде реконструиран по највисоките стандарди, понатаму Македонија ќе го може користи и за сопствени потреби.

Извор: ТВ21