Шкода запира со производството на Фабиа Комби

Познатиот чешки автомобилски гигант Шкода наскоро ќе запре со производство на автомобилите Фабиа Комби, објави чешката телевизија, повикувајќи се на раководството на компанијата.

Според нив, одлуката била донесена во врска со потребата од спроведување на планови за зголемување на производството на електрични возила, а производството на автомобилот ќе мора да престане најдоцна до 2023 година.

Шкода ќе продолжи да ги произведува моделите Фабија, со исклучок на Комби, кои ќе бидат опремени со мотори што ги задоволуваат зголемените еколошки барања. Хечбек и седан типовите на каросерии ќе бидат задржани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното