На 28.02.2019 во 15.30 часот во СВР Штип, 54-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од лице кое го запознала на социјалната мрежа Фејсбук на крајот на октомври 2018. Лицето се претставило дека е од САД и дека е војник во Авганистан. Според пријавеното, во декември 2018 година и кажал дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата-Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.
Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7300 евра и 1590 долари на агенцијата. Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.