Штипските советници чекаат кога ќе се распишат изборите за градоначалник, по што ќе знаат дали ќе избираат в.д градоначалник

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери треба да одлучи дали по скратена постапка ќе ги распише изборите за избор на нов градоначалник во Штип или ќе се придржува на  роковите во Законот за локална самоуправа.

Се вчитува...

Доколку се оди по скратена постапка, во тој случај советниците во Советот на Општина Штип ќе немаат време за избор на в.д градоначалник. Во моментов функцијата заменик градоначалник на општина Штип ја извршува, Јане Миланов, кој речиси три години беше претседател на Советот на општина Штип.

Секретарот на општина Штип, Соња Китанова за МИА појаснува дека доколку изборите се распишат според роковите предвидени во законската регулатива, во тој случај Советот на општина Штип изборот на в.д градоначалник треба да го направи во ноември, бидејќи заменик градоначалникот со општината може да менаџира само 60 дена, а потоа следи избор на в.д градоначалник.

Политичките партии на терен прават анкети за можни кандидати за градоначалници.

.

Извор: ТВ21