На TIKTOK се појави нов тренд познат како „теорија на аеродромот“, кој ги тестира нервите и среќата на патниците. Идејата е едноставна, но ризична: пристигнете на аеродромот само 15 до 20 минути пред да се качите и обидете се да фатите лет. Додека многу креатори се фалат со успех, прашањето е дали овој пристап кон патувањето е паметен или е само рецепт за катастрофа.
Помислата да се избегне долго чекање на излезот и да се помине повеќе време на посакуваната дестинација е секако примамлива. Сепак, со безбедносните проверки, подигањето багаж и гужвите, реалноста често е поинаква.