Свет

Што се случува со инфлацијата во Германија?

Што се случува со инфлацијата во Германија?

Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Германија во август благо паднала на 6,1 отсто од 6,2 отсто во јули, објави денеска германската федерална статистичка служба – Дестатис.

Пазарите очекуваа августовска инфлација од шест отсто.

Инфлацијата на услугите падна на 5,1 отсто од јулските 5,2 отсто, а инфлацијата на стоки порасна од седум отсто во јули на 7,1 отсто поради растот на цените на енергијата.

Според веб-страницата Дестатис, цените на храната во Германија во август пораснале за девет отсто на годишно ниво, а цените на енергијата за 8,3 отсто во споредба со истиот месец лани.

На месечна основа, германската инфлација е зголемена за 0,3 отсто во однос на јули.

Годишната базна стапка на инфлација во август изнесуваше 5,5 отсто, исто како и претходниот месец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни