Што се случувало во познатото шоу: Шабан Шаулиќ откри пикантерии за „Ѕвездите на Гранд“

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

По напуштање на регионалното шоу, Шабан откри непознати детали за ова музичко шоу.

Тој истакна дека го напуштил шоуто бидејќи не можел да поднесува како неговите колеги ги навредуваат кандидатите кои се лошо облечени.

-Не можев да ги навредувам тие деца. Како да навредувам некој, а можеби нема пари? Можеби е сиромашен, дошол од село и нема ништо подобро. Тоа ме нервираше. Е сега, дали моите колеги им даваа совети или сакаа да покажат колку имаат, а тие деца немаат, не ми е човечки. Поради тоа и Зорица Брнуцлиќ ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, истакна дека не сака да оценува како некој се облекува, вели Шаулиќ и додава:

„Саша неколку пати ми кажуваше кој кандидат треба да помине во следниот круг, иако тоа не беше по моја желба. Понекогаш ги слушав и ги пуштав да поминат. Можеби тој во кандадите видел некој потенцијал, па мислел дека некој му треба за шоу бизнис, дека ќе направи пари или ќе стане ѕвезда“, вели Шабан.

Добро е познато дека и Аца Лукас во моментов не е дел од актуелната сезона, а неговото место го замени Ѓорѓе Давид.

Меѓутоа, Вуксановиќ нема се уште изградено мислење за својата замена, бидејќи како што вели шоуто не го гледа.

-Па јас не гледав „Ѕвездите на Гранд“ ни кога бев во жирито, но мислам дека Давид ќе биде одлична замена за мене. Иако сите сме личности сами за себе и никој никого не менува. Давид го знам повеќе од 35 години, уште од периодот кога свирев со Викторија. Тој е добар дечко, вистински лик и супер ќе се снајде. Него го познавам подобро од сите членови во жирито, подобро и од Саша Поповиќ, вели Лукас за „Свет“.

Тој ја искористил можноста и да прокоментира за Поповиќ.

-За Поповиќ мислам се најдобро, тој е мој голем пријател и секогаш така ќе остане, со него никогаш не сум имал проблем. Целото негово семејство е супер, и сопругата и децата, за нив можам само добро да кажам, вели Лукас.

Во неколку наврати пишувавме за вистинската причина поради која Лукас замина од шоуто, освен горенаведената неодамна Лукас даде и ваква изјава:

„Не сум во жири бидејќи не ми се седи таму. Ме мрзи да седам и да снимам по цел ден, вели Лукас и објасни како ја прекинал соработката со Поповиќ.

„Само Саша Поповиќ и јас ги знаеме вистинските причини, а што се однесува до мене ќе остане тајна. Му пратив долга порака во која му кажав се што имав и му кажав да не смета на мене оваа сезона. Што се однесува до пораката, никогаш нема да излезе во јавност, откри пејачот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното