Земјотресите настануваат како резултат на придвижување на тектонски плочи, движење на Земјината кора или многу големи експлозии, при што се ослободува голема енергија, а последица на тоа е протресување на земјиштето (познато како земјотрес).
Земјотресите НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕДВИДАТ, но МОЖЕ ДА НАУЧИМЕ како да се заштитиме од истите.
КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС:
- ОСТАНЕТЕ МИРНИ и присебни и не дозволете да ве совлада паника. Бидете свесни дека ПОСЛЕ почетните потреси многу БРЗО ДОАЃААТ и други појаки потреси.
- НЕ ПАНИЧЕТЕ!
- НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ИЗБЕГАТЕ
- СПУШТЕТЕ СЕ НА ПОД, склупчете се и заштитете ја главата
КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС КОГА СТЕ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР
- ВЕДНАШ ЗАСОЛНЕТЕ се на побезбедните места: довратници, носечки ѕидови, испод маса или друг поцврст дел од мебелот, или покријте го лицето и главата со рацете и засолнете се во ќошот од внатрешните ѕидови од просторијата и ОСТАНЕТЕ ТАМУ ДОДЕКА ТРАЕ ПОТРЕСОТ.
- Ако лежите СПУШТЕТЕ се покрај креветот и заштитете ја главата со рацете.
- ОДДАЛЕЧЕТЕ СЕ од прозорците, стаклата, надворешните ѕидови и врати и било што што може лесно да падне како што cе ормани, полици, лустер, и слично.
- ОСТАНЕТЕ во затворениот простор додека трае потресот (најмногу повреди настанува при обиди за напуштање на затворениот простор ДОДЕКА ТРАЕ ПОТРЕСОТ)
- Додека трае потресот НЕ КОРИСТЕТЕ лифтови и скали.
- Кога е безбедно напуштањето, НЕ КОРИСТЕТЕ лифт.
- →Не излегувајте на тераса или на балкон.
- →Не поставувајте полици над кревет
- →Доколку сте во близина на висока зграда или во неа, заштитете се од стаклата и надворешните ѕидови.
- →Доколку сте во јавни објекти (училишта, трговски центри, јавни институции, установи и служби и друго) – останете мирни и не паничете.
- →Бидете подалеку од масата луѓе што панично се движи кон излезите.
- →Бидете свесни дека може да дојде до прекин на струјата и/или ќе се вклучат алармите (противпожарни и други аларми).
- →Секогаш треба да имате при рака батериска ламба и транзистор со резервни батерии, пулсни телефони или комбинирани/пулсно-дигитални кои може да функционираат и кога објектот нема електрична енергија
- →Веднаш исклучете ги сите извори на електрична енергија, плин и вода.
- →Ако сте користеле било каков извор на топлина, исклучете го кога ќе се смири потресот.
- →Ако се појави пожар обидете се да ги изгаснете веднаш и јавете се на бесплатниот повикувачки телефонски број: 193
- →Доколку сте во можност пружете прва помош на повредените кои се во ваша близина.
КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС КОГА СТЕ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР
- Подалеку од уличните светла, електричните кабини, високите згради (најопасно е во близина на излезите на објектите и од надворешните ѕидови).
- Ако сте на улица внимавајте на објектите кои може да се срушат или предмети да паднат врз вас (оџаци, ќерамиди, искршено стакло и друго).
- Главата заштитете ја со рацете или чанта на пример што ја носите со вас.
КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС КОГА СТЕ ВО ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ
- Застанете доколку е можно, но да не ја загрозите безбедноста во сообраќајот,
- Избегнувајте застанување во близина на зграда, дрвја, надвозници или електрични кабли,
- Продолжете внимателно кога ќе престане потресот,
- Избегнувајте патишта, мостови, рампи кои може да бидат оштетени од земјотресот.
КАКО ДА ПОСТАПИТЕ АКО СТЕ ПОД УРНАТИНИ
- НЕ ПАЛЕТЕ запалка или ќибрит.
- НЕ СЕ ДВИЖЕТЕ и СЕДЕТЕ смирено.
- УДИРАЈТЕ во ЦЕВКА или ЅИД за да можат тимовите за спасување да Ве пронајдат. Ако имате СВИРЧЕ искористете го. ВИКАЈТЕ САМО ако тоа е последно решение (со викањето може да се вдишат големи количини прашина, а тоа е опасно).
- Сочувајте ја присебноста и ОБИДЕТЕ се да се ориентирате.
- Ако сте притиснати со материјал, ЗАПОЧНЕТЕ СО ОТСТРАНУВАЊЕ на истиот (при тоа штедете ја силата и ВНИМАВАЈТЕ на острите предмети и од дополнително повредување).
КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ПОСЛЕ ПРВИОТ УДАРЕН БРАН НА ЗЕМЈОТРЕСОТ
- БИДЕТЕ СПРЕМНИ за ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОТРЕСИ.
- Ако ОБЈЕКТОТ Е ОШТЕТЕН поради можноста од појава на последователни потреси, НАПУШТЕТЕ ГО СМИРЕНО, без паника (НАЈПРВИН мајки со деца, болни, стари лица и инвалиди).
- Ако сте во ОШТЕТЕН ОБЈЕКТ и чувствувате мирис на ПЛИН или забележите ИСКИНАТИ КАБЛИ, НЕ ПАЛЕТЕ СВЕЌИ ИЛИ ЌИБРИТ-ЗАПАЛКА (поради опасност од ЕКСПЛОЗИЈА).
- ПРОВЕРЕТЕ дали има ПОВРЕДЕНИ.
- НЕ ГИ ПОМЕСТУВАЈТЕ ПОТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ.
- СЛЕДЕТЕ ГИ ПРЕПОРАКИТЕ на надлежните институции.
- Користете го телефонот МИНИМАЛНО (да не се преоптоварат линиите).
- НЕ КОРИСТЕТЕ автомобил за ЕФИКАСНО да дејствуваат спасувачките тимови.
- НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ во затворен простор, посебно ако се оштетени објектите, ако се чувствува мирис на плин или забележите искинати кабли.