Сите сме пробале да го објасниме појавувањето на акните како резултат на хормонална промена. Но, местото на кое се појавиле акните значи повеќе отколку што претпоставуваме. Всушност, лицето е како мапа која ни покажува што не е во ред со нашиот организам и како резултат на што се појавиле акните. Поврзаноста е зачудувачка, а овој пристап сè повеќе се шири по дерматолошките клиники ширум целиот свет. Еве што ви навестуваат акните.
1 и 2 – Проблеми со дигестивниот систем – Одбегнувајте брза храна и оброци со многу масти. Пијте повеќе вода и консумирајте освежително овошје и зеленчук, како краставица на пример.
3 – Црн дроб – Намалете со алкохолот, мрсната храна и млечните производи. Оваа зона е исто така критична за алергии, па анализирајте ја добро храната која ја консумирате. Секој ден правете барем по 30 минути лесни вежби и спијте добро се цел вашиот црн дроб да се одмори.
4 и 5 – Дехидрација – Оваа зона се поврзува со дехидрација. Пијте многу течности.
6 – Срце – Проверете си го крвниот притисок, како и нивото на витамин Б. Намалете ја консумацијата на зачинета и лута храна и почесто излегувајте на чист воздух. Заменете ги „лошите“ масти со „добри“, како омега 3 и 6 масните киселини кои ги има во ореви, авокадо, риба и семе од лен. Бидејќи оваа област е критична за појавата на проширени пори, проверете го датумот на траење на вашата шминка.
7 и 8 – Бубрези – Пијте многу течности! Намалете на газирани пијалоци, кафе и алкохол.
9 и 10 – Дишните патишта – Можеби сте пушачи или алергични на нешто? Доколку и двете работи не важат за вас, консумирајте освежителна храна, намалете со шеќерот и редовно излегувајте на чист воздух. Месото и млечните производи намалете ги во исхраната, избегнувајте алкохол, кофеин и шеќер, а наместо тоа јадете многу зеленчук и консумирајте природни сокови и чаеви. Имајте на ум дека многу често главни виновници за појавувањето на акни во оваа област, се валканите телефони или навлаки од перници.
11 и 12 – Хормони – Главна зона која покажува проблеми со стрес и хормонски промени. Пробајте да го редуцирате нивото на стрес и да ја одржувате вашата кожа чиста. Еве еден интересен факт: акните во овие области се појавуваат за време на овулација, дури покажуваат на која страна овулирате.
13 – Стомак – Пијте билни чаеви и консумирајте храна со растителни влакна.
14 – Болест – Најчесто покажува дека вашето тело се бори со некаква бактерија за да избегне болест. Најдете начини да се опуштите, како вежбање јога и издвојување време за попладневни дремки.