Шумски пожар кај с.Добрашинци: На терен само пожарникари, од „Беласица“ не излегуваат на терен, немале здравствено!

Регионалниот ЦУК Струмица, по утринското излегување на терен и дејствување на екипите за гаснење, известува дека шумскиот пожар кај с.Добрашинци е се уште активен.

Гори сува трева и ниска шума, а еден крак од пожарот е навлезен во шумата и се движи кон планината Готен.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Струмица интервенира со пет пожарникари во нискиот дел.

Инаку, ЦУК е известен, од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица “ од Струмица, дека не излегуваат на терен, бидејќи немале здравствено осигурување, па помагале само логистички.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното