Свет

Шведскaта премиерка поднесе оставка

Шведскaта премиерка поднесе оставка

Шведската премиерка Магдалена Андерсон поднесе оставка откако нејзината влада претрпе пораз на општите избори, а лидерот на Умерената партија Улф Кирстесон сега се очекува да формира влада во која ќе бидат вклучени и Шведските демократи, екстремно десничарска партија.

Блокот составен од умерените, шведските демократи, демохристијаните и либералите ќе има 176 места од 349 во шведскиот парламент.

Левиот центар ќе добие 173 пратенички места според последните податоци на изборната комисија, јавува Радио Слободна Европа.

Изборите се значајна пресвртница за шведската политика, бидејќи шведските демократи некогаш се сметаа за отпадници, но сега тие освоија речиси 20 отсто од гласовите.

Тие ветија дека ќе ја „направат Шведска повторно безбедна“ со воведување подолги затворски казни и ограничување на имиграцијата, но Би-Би-Си вели дека нивниот партиски лидер нема да биде премиер бидејќи ја нема целосната поддршка од сите четири партии.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни