„Си купуваат филери од интернет и сами си се боцкаат“: Се бараат законски измени за заштита на пациентите од нестручни лица!

Здружението за естетска медицина (ЗЕМ) предложи измени во Законот за јавно здравје со цел да се ограничи можноста за извршување на естетски медицински процедури од страна на лица без медицинска квалификација. Предлогот доаѓа по серија случаи на пациентки кои претрпеле несакани последици од филери, ставајќи ги сами или потпишувајќи ги на нестручни лица.

Доколку предложените измени бидат прифатени, ќе се зајакнат безбедносните стандарди и ќе се постават појасни критериуми за квалификацијата на лицата кои изведуваат вакви процедури. Според д-р Игор Пеев, пластичен хирург, многу пациенти завршуваат со сериозни последици, вклучувајќи распаднати ткива и инфекциите поради нестручни процедури. Пеев додава дека законодавството моментално не ги дефинира јасно правилата за кои лица може да вршат вакви интервенции.

Д-р Анџелка Илиева, специјалист по дерматовенерологија, нагласува дека користењето хијалуронски филери од нестручни лица може да има сериозни последици, како што се инфекциите, запушување на крвни садови и трајни оштетувања, како што е слепило.

Предложените измени на законот, исто така, се фокусираат на застареноста на тековните прописи и ќе воведат поправки за појасно разграничување на медицинските интервенции од други нелегални активности. Проблемот со нестручните лица кои ги изведуваат овие процедури, често мотивирани од финансиски причини, носи сериозни ризици за здравјето на пациентите, вклучувајќи можност за ширење заразни болести.

Измените ги поднесоа три стручни здруженија: Здружение на дерматовенеролози на Македонија, Македонската асоцијација на пластични хирурзи и Здружението за естетска медицина. За подигнување на свеста, на 22 февруари 2025 ќе се одржи Шестиот симпозиум за естетска медицина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното